Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Студиска програма
Односи со јавноста

Студентите ќе се запознаат со дефиницијата и значењето на корпоративното комуницирање, создавањето идентитет и идентификувањето, како и начините на проценување на корпоративниот идентитет. Освен тоа, ќе се изучува како се комуницира со корпоративниот бренд, начините на развивање на репутациска платформа, комуницирањето со клучните засегнати субјекти и начините на организирање на корпоративното комуницирање. Студентите ќе се запознаат и со методите за ефикасна внатрешна комуникација, како и со методите за оценување на корпоративното комуницирање.

Знаења и вештини

Предметот ќе ги оспособи студентите:

  • да ги утврдат клучните функции на службите за комуникација во рамки на една организација или институција
  • да ги разберат клучните задачи во корпоративното комуницирање
  • да ги препознаат специјализираните комуникациски функции во односите со различни целни групи
  • да го препознаваат значењето и вредноста на стратешкото планирање на комуникациите и да знаат како да го реализираат
  • да го разберат значењето на различните видови комуникација и начините на ефикасно организирање
  • да го препознаваат значењето на брендот, имиџот и репутацијата и да ги научат начините за нивно создавање и одржување
  • да ги разберат начините на оценување на корпоративното комуницирање.


Факти

Траење: еден семестар (февруари-јуни)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи

Литература

Ван Риел, Ц., Фомбрун, Ч. (2007), Основи на корпоративното комуницирање, Routledge, New York 
Авторизирани предавања (скрипта)

Предавач

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.">М-р Марина Тунева