This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. (1979) дипломираше на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Mагистерски студии завршува на Лондонската школа за економија и политички науки (LSE) на отсекот за Компаративна политика - национализам и етницитет, на темата ‘Либералните структури и динамиката на националистичка мобилизација’. Поле на негов сегашен истражувачки интерес се односите меѓу либерализмот и национализмот.
Во академската 2004-2005 беше студент на Едногодишната школа за новинарство при Македонскиот институт за медиуми. Тој има повеќегодишно новинарско искуство: соработуваше на истражувачко-новинарски проекти со лондонскиот Институт за воено и мирновремено известување IWPR; од 2005 до 2007 беше политички уредник и новинар во неделникот ФОРУМ Плус, каде работеше на повеќе истражувачки текстови и политички интервјуа.
Од 2007 до 2011 Мицевски е продуцент и новинар нa Светскиот сервис на БиБиСи со седиште во Лондон. Неговите работни задолженија се продукција и водителство на новински и актуелно политички програми, продукција на радио прилози, новинарски анализи и интервјуа.