This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. (1964) е новинар, политички аналитичар и уредник со долгогодишно искуство.
Со новинарство почнал да се занимава уште од 1985 година во Студентски збор и Млад Борец, каде кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век, заедно со група млади новинари учествувал во македонската демократска пролет, давајќи сопствен придонес со своите политички анализи.
Дипломирал новинарство на универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1987 г.
Бил главен и одговорен уредник на Млад Борец (1991), помошник на главниот и одговорен уредник на Нова Македонија (1999-2000), главен и одговорен уредник на Вечер (2000-2001), дописник на изданијата на НИП Нова Македонија од Вашингтон, САД (2001-2004), заменик на главниот и одговорен уредник на неделникот Фокус (1995-1999, 2005-2010), уредник на неделникот Публика, прилог на дневниот весник Дневник (2010-2011), главен и одговорен уредник на Дневник (2011-2012).
Од април 2012 г. Димитровски е главен и одговорен уредник на Нова Македонија.
Како стипендист на Фондот Отворено општество Македонија, во 1995 г. магистрирал политички науки на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, Унгарија, на тема „Трансформација на јавната сфера во Источна Европа: монополизација на медиумите во процесот на транзиција кон демократија во Република Македонија“.
Оженет е и татко е на едно дете.