This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. дипломирала новинарство на Интердисциплинарните студии на новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, во 1996 година. Завршила магистерски студии „Комуникација и менаџмент за културни политики“ на Универзитетот „Лумса“ во Рим, Италија, во 2004 година, на тема: “Медиумската концентрација и неговото влијание врз плурализмот во медиумите“. Докторската дисертација на тема: „Карактеристики и значење на спинингот во креирањето на медиумската реалност и неговото појавување во Македонија“, ја има одбрането на политички студии на Правниот факултет во Скопје.
Како новинар почнува да работи од 1993 година, најпрво во радио „Нома“, па потоа во МТВ, радио „Либертас“, неделникот „Фокус“, а од 1998 година започнува да работи како лице задолжено за односи со јавноста во проекти на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Во периодот од 1999 до 2001 година e Извршен директор во Македонскиот прес центар каде што е и еден од основачите, а од 2001 година работи на формирање на фондацијата Македонски институт за медиуми, каде што до почетокот на октомври 2008 година е Извршен директор. Со основањето на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста преминува во оваа високо образовна институција.
Во изминатиот период Трајкоска работела и како консултант и ПР експерт за повеќе проекти на УСАИД и на ЕУ, а во последните година е консултат на Секретаријатот за европски прашања на Владата на РМ за изготвување на комуникациски стратегии на министерствата за интегрирање на Македонија во ЕУ.
Во периодот 2006-2008 година, таа е член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, формирана од Собранието на РМ во 2006 година. Во 2000 година престојувала на студиски престој во САД, а во минатите години континуирано учествува на европски и светски конференции за развој на медиумите и комуникациите.
Активно се служи со англискиот и италијанскиот јазик.