This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. е доктор на историски науки и истражувач на современата историја со посебен интерес кон политичката историја и историја на дипломатијата. Магистрирал во 1989 година на тема „Одгласот на ослободителната војна и револуција во Југославија во печатот на САД (1941-мај 1945) со осврт на Македонија“, а докторирал во 1993 година на тема „Велика Британија и македонското прашање во светлината на меѓународните односи (2 август 1944 - 1949)“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во учебните 1995-2000 година во рамките на програмата „Study Abroad at UKIM“, го предавал предметот „Историја на балканските народи“.
Има објавено 36 (триесет и шест) монографии, зборници на документи и учебници и над 50 (педесет) статии во домашни и странски списанија. Има учествувано на над 80 (осумдесет) научни собири во земјата и странство.
Бил раководител и соработник на 20 домашни и странски реализирани проекти од историјата на Балканот и Македонија.
Декан е на последипломските студии на Институтот за национална историја и ангажиран во наставата на истите од 1998 година. Бил ментор на повеќе кандидати за магистерски и докторски дисертации; член на повеќе организации и асоцијации во земјата и странство; член на редакции на научни списанија; член на комисии од рамките на Министерството за образование и наука.