Дипломската работа е завршен проект што ги интегрира знаењата и вештините кои студентот ги стекнал за време на студиите во текот на шесте семестари. Дипломската работа на студентите по новинарство се состои од изработка на истражувачка сторија.
Проектот се спроведува на крајот од шестиот семестар откако студентот ги положил сите предмети предвидени со наставната програма. Студентот е целосно самостоен во водењето и извршувањето на задачите што се дел на дипломската работа. При изработката, голема улога играат способноста и одговорноста на студентот за навремено и правилно планирање, водење и управување на еден проект. Постапката се реализира под менторство на предавач на Високата школа, во точно прецизирани рокови, а проектот се брани по одобрување од страна на менторот пред комисија за оценување на дипломската работа.
Дипломската работа се реализира низ четири чекори:
1. Поднесување предлог за истражувачка сторија во писмена форма (сценарио) и образложување на истата пред менторот во усна форма, вклучувајќи го аголот на приказната, изворите и истражувачките техники.
2. Реализација, односно продукција на истражувачката приказна
3. Извештај за работата на студентот при реализација на трудот.
4. Одбрана и оценување на дипломската работа.