Студентите ќе се запознаат со процесот на новинарското истражување и со основните методи на реализација на истражувачката приказна - од идеја, преку избор на темата, па се до пишување на приказната. Преку практични примери, работејќи на сопствена истражувачка тема, студентите ќе научат да прибираат информации користејќи документи и бази на податоци, да реализираат ефектни интервјуа, да истражуваат на терен, да ги користат примарните и секундарните извори на информации, да го организираат истражувачкиот материјал, а потоа да напишат убедлива новинска приказна.
Знаења и вештини
Предметот ќе ги оспособи студентите:
- за новинарско истражување, кое е чекор понатаму од дневното новинарство застапено во најголемиот број весници, неделни списанија и ТВ и радио емисии
- да прибираат информации користејќи документи и бази на податоци, успешно и ефектно да интервјуираат, да истражуваат на терен
- за пронаоѓање и користење на примарните и секундарните извори на информации - човечки извори, документи, електронски документи и бази на податоци.
- како да го селектираат и организираат собраниот истражувачки материјал, а потоа да напишат убедлива новинска приказна
Факти
Траење: еден семестар (февруари-јуни)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
Саша Лековиќ, Појам и дефиниција истраживачког новинарства, Истраживачки процес
Бранко Чечен, Синопсис истраживачке приче
Sheila S. Coronel, Digging Deeper, A Guide for Investigative Journalists in the Balkans
Предавач