Предметот овозможува идните новинари да стекнат знаења, разбирања и способности за препознавање на различните видови медиумски концепти и нивно практично имплементирање. Преку предметот се учат разликите во пристапот на правењето вести, функционирањето на концептите во зависност од општеството во кое тие функционираат, законските регулативи кои се застапени и влијанијата на политичките и економските елити и различните начини на политичко известување.
Знаења и вештини
• ќе се запознаете со постоењето и улогата на различните медиумски концепти во зависност од различните општествено-политички уредувања и развојот на демократијата
• ќе научите како се известува од политички настани и ќе стекнете вештини за професионално и одговорно известување за политика
• ќе се запознаете со различните видови известување за политика како известување за време на избори, за време на кризи или воени состојби.
Факти
Траење: еден семестар (септември-јануари)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
Авторизирани предавања, д-р Јасмина Миронски
Предавач
д-р Јасмина Миронски