Студентите ќе се запознаат со основните економски категории и принципи, со намера полесно да ги разберат причинско-последичните врски на економските текови во земјата и во странство. Посебно внимание се посветува на развивање на економскиот начин на размислување и користење на економскиот пристап во решавањето на проблемите. Предметот ги обработува основите на микроекономијата и на макроекономијата.
Знаења и вештини
Предметот ќе ги оспособи студентите:
- Да стекнат знаење и разбирање на основните категории и принципи во сферата на економијата кои се од значење за функционирањето на националната економија и на меѓународните економски односи;
- Да им го развие разбирањето за функционирањето на економскиот систем и чувствството за економската димензија на политичките и општествените прашања;
- Со стекнатите знаења и вештини да ги препознаат законитостите на побарувачката и понудата, како и на агрегатнате побарувачка и агрегатна понуда, и нивното влијание врз носителите на макроекономската политика;
- Да ги разберат можностите за максимизирање на профитот во услови на совршена и на несовршена конкуренција;
- Да стекнат основни знаења за теоријата на производството и како можат преку анализа на трошоците да ги комбинираат истите;
- Да можат да ја следат вкупната економска активност и бруто домашниот производ и неговите составни елементи, како и влијанието на продуктивноста врз економскиот раст;
- Да стекнат способности за утврдување на поврзаноста на потрошувачката, штедењете и инвестициите со економскиот циклус во кој се наоѓа економијата.
Факти
Траење: еден семестар (февруари-јуни)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
Проф. Д-р Таки Фити: Економија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Економски факултет, 2008
Проф. д-р Владимир Кандикјан и проф. д-р Тодор Рушков: Економика, Прв дел-Микроекономика, Economy press, Скопје, 2003
Предавач
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.