Предметот овозможува теоретска рамка за разбирање на комуникациските ситуации и процеси во општеството и во меѓучовечките односи. Предавањата ќе опфатат клучни теми за разбирање на комуникациските теории како што се вовед во клучни комуникациски поими, комуникациски модели и контексти, разбирање на истражувачкиот процес кај комуникациските теории, теории за јавноста и медиуми како и комуникациски теории за културата и различностите.
Знаења и вештини
Предметот им овозможува на студентите:
- да ја препознаат теоријата во секојдневниот живот и да го разоткрие процесот на теоретско разбирање на комуникациските процеси.
- да стекнат знаење и разбирање за основните концепти и модели на комуникациските студии
- да препознаат, толкуваат и расчленат општествени ситуации низ елементи на комуникациските процес.
Факти за предметот
Траење: еден семестар (септември-јануари)
Задачи: вежби и практични задачи
Литература
Ричард Вест и Лин Х. Тарнер, Вовед во теоријата на комуникациите – Анализа и примена, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, Едиција ExLibris, 2011
Предавач
м-р Марко Трошановски