Предметот дава почетни знаења за спецификите на медиумот радио и новинарските жанрови поврзани со него, како и знаења за неговите технички специфики. Предметот треба да ги произведе и да ги зајакне традиционалните стандарди на медиумот, но и да ги демонстрира можностите за негово пробивање во новите медиуми.
Знаења и вештини
Предметот ќе ги оспособи студентите:
- да пишуваат за радио - ќе знае како исцрпно да ги претстави информациите и анализите во кратки временски отсеци, како да се заштити од опасноста да биде пристрасен и како да се снајде во радиско студио.
- самите да ги монтираат најважните радио жанрови.
- почетни знаења а радио продуцирањето и презентерството.
- за неколку проблемски области - Можностите и социјалните теми на youth on-line радиото, радиото и стереотипите, радиото и национализмот и т.н.
Факти
Траење: еден семестар (февруари-јуни)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
„Основи на пишувањето за медиуми”, Мелвин Менчер, едиција Ex Libris, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста
Предавач