Предметот им овозможува на идните новинари да стекнат продлабочени знаења, техники и вештини на професионалното пишување за печат. Наставната програма се концентрира на веста и критериумите за нејзиното вреднување, на техниките на вреднување и селекција на фактите, запознавање со техниките коучинг и фидбек.
Знаења и вештини
Предметот ќе ги оспособи студентите:
- да стекнат продлабочени знаења за вештините на новинарското пишување и да ги совладаат техниките за пишување жанровски разнообразни новинарски текстови.
- да се оспособат за пишување текстови според класичниот модел на структурирање на новинарските текстови – најважното напред - превртена пирамида, тврда вест, извештај.
- да се оспособат да пишуваат новинарски текстови според наративниот модел на структурирање – фичр вести, фичр извештаи, фичр – приказни.
- да се запознаат со елементите на синаестичкото пишување и наративното новинарство – наративната приказна.
Факти
Траење: еден семестар (февруари-јуни)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
„Основи на пишувањето за медиуми”, Мелвин Менчер, едиција Ex Libris, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста
Предавач