Овој предмет особено внимание посветува на изучувањето на различните новинарски видови на изразување со посебен акцен на основните новинарски жанрови: вест, извештај и интервју. Новинарите ќе стекнат умешност и знаења да ги препознаваат различните начини на новинарско пишување и различни видови на изразување што на печатените медиуми им дава посебна „боја“.
Знаења и вештини
Предметот ќе ги оспособи студентите:
• Да се запознаат со историјата и улогата на печатеното новинарство, како и со процесот на подготовка и печатење на весниците.
• Да ги научат принципите на подготовка и уредување на весник.
• Да ги научат основните разлики на новинарското изразување и да ги препознаваат различните жанровски форми.
• Да научат да ги пишуваат основните видови на новинарско изразување како што се веста, извештајот и интервјуто.
• Да се запознаат со другите видови на новинарско изразување, како што се специфичните и специфично-белетристичките жанрови.
• Да научат да ја препознаваат важноста од настанот и да умеат да селектираат што е вредно за обајвуавње, а што не.
Факти
Траење: еден семестар (февруари-јуни)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
м-р Јамсина Миронски, Авторизирани предавања, 2009
Скрипта Печатени медиуми, 2009
Предавач