Комуникациските вештини се учат, но потребно е да се „прекрши“ процесот на учење/едукација во Македонија. Вака размислував во 2003 година, а тогаш се поставија темелите на Едногодишната школа за новинарство, во рамките на Македонскиот институт за медиуми, и започна „прекршувањето“.
Неколку години подоцна, проектот ЕШН прерасна во Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и процесот на „прекршување“ според мене е завршен. Останува само да се менуваат генерациите кои ќе ги постават комуникациските стандарди во нивните работни средини, и тоа уште од првиот ден по завршување на Високата школа.