![](/images/stories/ljupcopopovski.jpg)
Не само поради тоа што надоаѓаат нови весници, радија и телевизии, па улогата на Високата школа ќе биде особено важна во продуцирањето на квалитетни новинарски кадри, туку можеби уште повеќе што ќе треба да помогне целата новинарска професија да се исправи цврсто на нозе, откако последниве десетина година потклекна поради различни причини – од притисоците на политиката, до намалената желба на новинарите да истражуваат подлабоко во настаните. Верувам дека Високата школа ќе им ја всади на студентите максимата дека слободниот печат е вистинската религија на денешницата и дека нивната улога има огромно значење во развојот на демократијата во Македонија.