Позитивното позиционирање на компанијата во општеството и нејзината видливост во најголема мера се заслуга на добрите комуникации базирани врз добра стратегија.
Но, и најсовршените комуникациски стратегии нема да го постигнат саканиот резултат доколку тие не бидат управувани и реализирани од искусен стручен тим, кој професионално ќе одговори на сите предизвици. На моето влегување во светот на корпоративните комуникации му претходеше новинарското искуство и скромната теоретска основа која ја стекнав на факултетските и постдипломските студии во рамките на предметот Маркетинг-менаџмент. Но, со оглед на тоа што комуникациите претставуваат една цела наука, потребите од нови знаења морав да ги надградувам сама со постојано учење и следење стручна литература. Ме радува што сите кои сакаат професионално да се занимаваат со комуникации сега имаат шанса да бидат чекор понапред и да го специјализираат своето знаење. Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е во контакт со реалниот бизнис-сектор и им овозможува практика на студентите во компаниите и институциите. Времето на комуникациски импровизации е веќе зад нас. Успешноста лежи само во професионализмот кој мора да се учи.