Топло би му ја препорачала оваа школа секому, без разлика дали има искуство или не. Јас имав четиригодишно новинарско искуство кога се запишав во Едногодишната школа за новинарство и мислам дека е тоа моментот кој најмногу придонесе за мојата кариера.
Школата ви дава самодоверба, брзина во пишувањето и добивањето информации, острина, етичност, со еден збор – ве учи да бидете вистински професионалец. Од моите професори добив нешто што во ниту една книга не го пишува – драгоцено животно искуство, кое во многу ситуации во работата ме тераше да одам напред. Дури и кога ја напуштив школата, професорите секогаш ми помагаа, а колегите од мојата генерација, кои денес се новинари и уредници, ми се драги пријатели и соработници. Со еден збор, многу убав, значаен и одлучувачки период од мојот живот.