Во Високата школа за новинарство и односи со јавност ќе ве научат како професионално и коректно да известувате.
Потоа, откако ќе се вработите, ќе сфатите дека тоа што сте го научиле не функционира токму така како што мислите и ќе се разочарате. Потоа ќе почнете тврдоглаво да се држите до тоа што сте го научиле и ќе видите дека работите, иако можеби бавно, сепак почнуваат да се менуваат. На подобро, секако.