Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Препораки

Препораките на студентите се однесуваат на знаењата и вредностите кои ги стекнале со студирањето на Високата школа.

 

 

 

 

 

 

Ивана Наскова, студентка по односи со јавноста

Јас сум првата генерација која дипломираше на Високата школа за новинарство и односи со јавност, отксек корпоративна комуникација и односи со јавност. Запиши се и студирај на Високата школа затоа што уште во текот на твоето студирање ќе добиеш можност за професионален ангажман и стекнување на искуство во областа која си ја одбрал. Веднаш по завршувањето на моите студии и добивањето на диплома јас бев во можност да започнам со работа без никаков проблем, затоа што ова е факултет кој освен знаење ти нуди и можност да стекнеш работното искуство уште веднаш.

Јасна Атанасова, студентка по новинарство

Ефективното студирање е учењето преку свои грешки, поточно преку практичната работа. Тоа тука го најдов. Знаењето го пренесуваат професионалци – предавачи, кои на секој студент му овозможуваат индивидуален повратен одговор за сработеното. Оваа можност пред се е бидејќи сме мали групи. Овој вид на студирање не дава само чувство на студент, туку и на одговорен академски граѓанин кој е подготвен за професионален ангажман.

Глигор Максимовски, студент по новинарство

Новинарстово не преставува само професија туку и начин на живот и размислување. Каде, кој, што, кога, и зошто се пет новинарски прашања на кои секој новинар треба да знае да одговори за да напише вест. Знаењето кое го стекнуваме во Високата школа е знаење пренесено од врвни професионалци, мајстори во својот занает, притоа користејќи ги најсовремени трендови и методи на учење. И благодарам на Високата школа за новинарство и за односи со јавност која ме воведе во оваа професија и ми овозможи да учам од најдобрите.

Александра  Дудиќ, студентка по односи со јавноста

Предавањата од предметот Организација и менаџмент реално влијаат на мојот секојдневен живот и понекогаш на начинот на кој размислувам во дадени ситуации. Со помош на предавањата согледав како го организирам своето време и како подобро да го правам тоа. Една од вежбите за кои бев тотално скептична во почетокот, реално функционираат и ми помогнаа во спознавање и остварување на некои мои лични цели. Ми беа воочени и некои мои карактеристики за кои не бев свесна, а сега ги земам во предвид како мои вредности или недостатоци.

Лира Џокиќ, студентка по односи со јавноста

Никогаш не би се сетила да дознаам што сè стои зад зборот менаџмент, зад тоа за кое сум мислела дека некој ќе треба да ме присили да го прочитам. Научив да немам одбивност за нешто со кое се немам сретнато претходно. На сè и на секој треба да му се даде шанса. Не само што ги научив сферите на менаџментот, туку научив колку е важно да се прошират видиците, размислувањата и да бидам отворена за предлози и нови животни лекции.

Дијана Димитровска, студентка по односи со јавноста

Не беа тоа работи што не ги знаев  претходно, туку работи што биле цело време покрај мене, само не сум ги гледала на таков начин. Имам поширок видик на животот, целите, изборите, мотивацијата, начинот да се имплементираат сите овие работи за да бидат во моја корист. Научив да ги поедноставувам работите и да си зацртам цели како предуслов за успех.

 

 Дехран Муратов, студент по новинарство

Високата школа за новинарство и за односи со јавност, покрај тоа што ми овозможи целосна стипендија за студирање, ми даде и можност како да научам и постигнам повеќе во животот.  Денес многу полесно можам да проценам кој манипулира со вистината, кој се обидува да затскрие некои тајни и слично. Ниту за момент не се почувствував дискриминиран од колегите, професорите, за разлика од студенти Роми во други факултети. Успехот го гледам во тоа што имавме тимска и практична работа, што е услов да се стане професионалец во тоа што го работиме.

Памела Илиева, студентка по односи со јавноста

Приказната за успехот е што научив правилно да си го менаџирам животот, да водам секојдневен план на работа, да ги увидам моите слабости, да дефинирам конкретна цел во мојот живот, да гледам позитивно на работите и да ги подобрам моите организациски способности. Благодарам за се она што успеавте да не научите, не само во областа на менаџментот, туку за животот и целите воопшто.

 

 Драгана Филипова, студентка по новинарство

Студирањето на Високата школа ми овозможи сето она што го учев теоретски да го применам во практиката. Со тоа, уште од самиот почеток  бев во чекор со реалноста. Научив да размислувам критички, да ја истакнувам мојата упорност и најважното - да гледам на нештата од повеќе агли. Предавањата беа многу ефикасни, комуникацијата студент - професор многу коректна и секако практичната настава и препораките многу корисни при барањето работа.

Симона Марковска, студентка по односи со јавноста

Учење и пренесувањето на своето знаење во пракса се двете основни работи за понатамошниот професионален успех на еден студент во иднина. Знаењето кое го стекнав на Високата школа за новинарство и односи со јавноста од исклучително професионални предавачи кои се виртуози во својата насока, паралелно научив и како да го пренесам во пракса во одредени ситуации. Преку одржување на прес конференции, посети на различни настани и компании, како и праксата која е задолжителна секоја година само го усовршив своето знаење. Високата школа нуди и одлични можности и услови за размена и стекнување на искуство со понудите за студирање во странство, што мене најмногу ме привлече на самиот почеток. По завршувањето на мојата прва година тука во школата, можам да кажам дека сум сигурна во изборот кој го направив.