Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Во извештајот освен што се објаснува концептот „медиумска писменост“ и како тој е дефиниран во меѓународната регулатива, се анализираше состојбата со оваа област низ локална перспектива, односно како медиумската писменост се разбира и практикува во средното образование, во граѓанскиот сектор и во медиумите во Македонија.
Истражувањето се реализираше со поддршка на Европската Унија.