Во текот на набљудувањето на медиумското известување во периодот од 03 до 14 март, регистрирани се случаи во кои се употребува говор на омраза, а забележани се и примери на потпалувачки говор во кои имплицитно се сугерира насилен расплет.
Ова е главен наод од вториот извештај на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Извештајот е дел од активностите на проектот „Набљудување на известувањето на медиумите за партиско – политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период“, кој е поддржан од Амбасадата на Холандија и Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.
Во набљудувањето се вклучени 21 медиум, кои се избрани според влијанието што може да го имаат врз публиката, односно според податоците за нивната гледаност, слушаност и читаност.