Во овoj документ се претставени резултатите од третата квалитативна анализа на медиумското известување за настаните поврзани со убиството кај смиљковското езеро, протестите кои беа израз на револт против убиството, приведувањето на осомничените и протестите кои беа реакција на акцијата на МВР. Анализата се фокусира на начинот на кој дел од новинарските текстови и прилози ги создаваат, репродуцираат или ги засилуваат дискурсите што водат кон етноцентристички, стереотипизирачки, ксенофобичен или дискриминаторски ефект кон колективниот „Друг‟ во земјата.
Предмет на оваа анализа се првенствено новинарските текстови кои содржат негативна стереотипизација, етноцентризам, ксенофобија и слични дискурзивни стратегии кои кај припадниците на етничките или религиозните заедници може да креираат перцепции за идентитетот на сопствената и на другата заедница. Но, анализата идентификува и посочува и позитивни примери на професионално и етичко известување кое игра исклучителна важна улога во ваквите сензитивни ситуации.