Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Македонскиот институт за медиуми, заедно со Фондацијата „Фридрих Еберт“ спроведуваат истражувања и анализи што поттикнуваат темелна и квалитетна јавна дебата за состојбата во која се наоѓа медиумскиот сектор во Република Македонија.
Со истражувањата и анализите се идентификуваат причините поради кои медиумскиот сектор во Република Македонија и новинарството се соочуваат со сериозни проблеми и се даваат насоки и препораки што ќе им помогнат на надлежните тела и на медиумската заедница да ги утврдат и спроведат во медиумската политика.