This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје на отсекот Комуникации. Дипломира на отсекот Политички науки на Правниот факултет во Скопје во групата по Јавно мислење и масовни комуникации.
Од основањето на Институтот за комуникациски студии (ИКС), тој е координатор на магистерските студии и проекти кои ги спроведува Институтот, ангажиран е како помлад истражувач во научни и апликативни истражувања и менаџира со кампањите за промоција на ИКС. Предавач е по предметот Менаџирање на настани и буџетирање на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и ги води студентските семестрални проекти. Активно е вклучен во реализирање на обуки од областа на стратегиските комуникации и на медиумите.
Има искуство со координирање на програми и обуки за професионализација во областа на новинарството во Македонскиот институт за медиуми (МИМ), кадешто беше ангажиран како обучувач во проектот „Медиумска писменост во македонското образование“. Две години беше тренинг координатор на Едногодишната школа за новинарство на МИМ.
Претходно шест години работи како новинар во А1 Телевизија и во Македонската телевизија.
Ко-автор е на „Прирачникот за наставници за медиумска писменост во Македонија“ (МИМ, Скопје, 2009) и на „Упатството за уредувачка етика во онлајн медиумите“ (Медиа центар, Сараево, 2008). Автор е на три документарни филмови.
Редовно посетува конференции, професионални програми и обуки во областа на односите со јавноста, медиумите и новинарството.