This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.дипломирала на Високата школа, отсек корпоративни комуникации и односи со јавноста.
Петгодишно работно искуство како aсистент во Македонскиот институт за медиуми во делот за организирање настани, обуки, конференции, како и комуникација со медиумите. Во 2008 година почнува да раководи со службата за Студентски прашања при Високата школа, одговорна за целокупната студентска архива, административните работи поврзани со студентите, комуникација и логистичка поддршка на професорите во Школата.
Од 2011 година е раководител на Центарот за обука и професионална надградба „Кариера “ при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Надлежна е за планирањето, организирањето и координирањето на практична настава на студентите, посетите на гостите на предавањата во Школата како и посетите на студентите.
Одговорна е и за делот на организирање промотивни настани, кампањи, обуки, тркалезни маси, комуникацијата со медиумите,компаниите и јавните институции како и посредување при вработувањето на студентите.
Член е на Здружението за односи со јавноста на Македонија.