Специјалистичкиот проект ги интегрира знаењата и вештините што студентите ги стекнале за време на специјалистичките студии во текот на двата семестара. Во изработката на проектот тие се целосно самостојни во водењето и извршувањето на обврските. Постапката се реализира под менторство на група професори на Високата школа, во точно прецизирани рокови, а проектот се брани пред Комисија за вреднување на специјалистичкиот проект.