Спомен куќата во велешкото село Горно Врановце ги врати студентите во периодот кога почнала традицијата на првиот весник на македонски јазик „Нова Македонија“.
Партизанската печатница „Гоце Делчев”, која била формирана во времето на Втората светска војна, денес е меморијален музеј со машинска просторија, книговезница и слагачница. Тука излегол првиот број на дневниот весник „Нова Македонија” пред 67 години, по одлука на Президиумот на АСНОМ.
Студентите ги посетија и куќите каде што се сместени документи и фотографии на Президиумот на АСНОМ и каде што некогаш се наоѓале Главниот штаб на НОВ и ПОМ.