Креативната фотографија најмногу зависи од фотографската умешност, што студентите ја вежбаат на часовите по Фотографија, графика, дизајн. Добрите фотографии не се прават случајно, па за да се извлече најдоброто од некоја тема, мора правилно да се постават елементите во кадарот.
Затоа студентите вежбаа како преку објективот да го привлечат вниманието на гледачот, да го задоволат окото и да дадат поента на фотографијата. Тоа ќе им помогне да прават фотографии кои ќе сугерираат движење, живот, длабочина, форма и креирање на жива и впечатлива сцена.