Високата школа и дневниот весник „Нова Македонија“ ја продолжуваат втората сезона на средношколскиот весник „Медиум“.
Весникот ќе излегува како подлисток на „Нова Македонија“ на крајот од месецот. Ќе го подготвуваат средношколци и студентите по новинарство и по односи со јавноста на Високата школа, во координација со предавачи, професори од училиштата и новинари од „Нова Македонија“.Како дел од проектот, останува веб страницата www.medium.edu.mk, која ќе изобилува со содржини и текстови од ученици од цела Македонија.
Секој месец ќе се бара „Најдобриот млад новинар“ меѓу средношколците кои ќе го докажат својот талент за пишување, ќе се избира „Најкул професорот“ преку он-лајн гласање, ќе се истражува каде може да се патува за 100 евра, каде излегуваат младите и многу други содржини со кои ќе се поттикнуваат младите да пишуваат и јавно да го изразат својот став.