Со „О недела“ и вечерна забава студентите ќе ја почнат новата академска година. Во „О недела“ студентите ќе се советуваат како полесно да се ориентираат во текот на студирањето.
Тие ќе се запознаат со наставните програми, начинот на студирање, предавачите и останатите студенти и ќе можат да поставуваат прашања за очекувањата и обемот на работа.
Дружењето ќе продолжи вечерта со студентска забава за добредојде на новите студенти и за повторна средба на студентите од претходните генерации.
Студентите во претстојниот семестар ќе се стекнат со напредни знаења и вештини кои ќе им помогнат да се оспособат за професијата што ја изучуваат.
Семестарот ќе изобилува со вежби, работа на проекти, посети на медиуми, компании и институции и гостувања на професионалци од областа на медиумите и комуникациите.