План за социјална кампања на Обединетите Нации во Македонија и комуникациска стратегија за „Факом“ ќе изработат студентите по односи со јавноста во наредниот месец.
Студентите од вториот семестар ќе изработат план за шестмесечна кампања на „Факом“, која е водечка компанија во металопреработувачката индустрија во Македонија. Стратегијата ќе и овозможи на компанијата дополнително да се афирмира во јавноста.
Студентите од четвртиот семестар ќе подготват план за социјална кампања против семејното насилство, што ја спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации во Македонија. Стратегијата ќе и помогне на организацијата да ја подигне јавната свест за семејното насилство и да се превенираат или редуцираат последиците.
Претставниците на компанијата „Факом“ и на Обединетите Нации во земјава ги пренесоа нивните барања и очекувања, кои студентите екипирани во тимови треба да ги исполнат во наредниот месец.
Стратегиите се прават како дел од проектните задачи кои студентите ги ставаат во реална ситуација, во која ќе се најдат и како идни стручњаци по корпоративни комуникации и односи со јавноста.