Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во вторник ќе ги промовира првите три учебници од својата едиција Ex libris.

Станува збор за значајни академски дела кои во голема мера го збогатуваат македонскиот научен фонд, кои се пред се наменети за студентите по новинарство и по односи со јавност, но и за сите оние професионалци кои сакаат да се надградуваат и дополнително да вложуваат во своето образование.

Сите три книги опфаќаат значајни теми, кои се дифицитарни во македонската литература, но се од исклучително значање за пошироката јавност, имајќи ја во предвид улогата и значењето на медиумите во општествените процеси.

Слобода на изразување, јавен интерес и медиумска регулација“ од м-р Снежана Трпевска е учебник за студенти и медиумски професионалци за меѓународните стандарди и домашната регулатива за медиумската област. Книгата е посветена на слободата на изразување како темелен принцип и јавниот интерес, на документите и на препораките на Советот на Европа  и на аудиовизеулната политика на ЕУ, регулирањето на радиодифузијата, улогата на јавниот радиодифузен сервис, комерцијалниот сектор и непрофитните медиуми.

Современ македонски јазик во областа на новинарството и на односите со јавноста“ од м-р Татјана Б. Ефтимоска е учебник за предизвиците со кои се соочува современиот македонски јазик и како треба да се негува во медиумите и од  јавните личности во секоја област. Тој е исклучително корисен за професионалците што се занимаваат со јавно пишување и говорење и учебник кој би требало да биде дел од секоја редакција.

Емитување вести – пишување, известување и продуцирање“ од Тед Вајт и Френк Барнс е дело на легендарните ѕвезди на Си-Ен-Ен кое прв пат се преведува на македонски јазик со цел да се пополни празнината во домашната литература за современите трендови во електронското новинарство. Тој е одлична поткрепа за студентите по новинарство и новинарите за тоа како се пишува и известува за телевизија, радио и он-лајн медиуми.

Ова е само почеток на активностите на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во функција на збогатување на македонскиот библиотечен фонд со дела од односите со јавноста и медиумите. Едицијата Ex Libris e поддржана од Институтот отворено општество од Лондон.