Како Црвениот крст на Република Македонија ги користи најновите трендови за употреба на комерцијалните комуникациски и маркетинг концепти во социјалните кампањи се разговараше на посетата на организацијата.
На студентите по односи со јавноста им се презентираа начините како Црвениот крст успева да ја подигне јавната свест и хуманоста на граѓаните за прашања важни за општеството.
Од организацијата посочија дека постојано се обидуваат да ја подигне свеста за масовно оспособување на населението за давање на прва помош и како да се превенираат или намалат последиците од повредите, несреќите или катастрофите.