Новото гласило за тинејџери е заеднички проект на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ кој ќе излегува како подлисток еднаш во месецот на осум страници.
Целта на овој проект е да се анимираат и поттикнат тинејџерите во Македонија повеќе да читаат и пишуваат со тоа што самите ќе учествуваат во подготовката на содржините на весникот и на веб страницата за средношколци www.medium.edu.mk. Освен учениците, овој проект е фокусиран и на училишните новинарски секции и на професорите кои со нив раководат. „Медиум“ овозможува промоција на печатените и на електронски изданија на средните училишта, активностите на локално ниво со настојување истите да се поврзат на национално ниво. Затоа, тим од уредници, новинари и предавачи на Високата школа изминативе неколку месеци посетија новинарски секции од неколку гимназии од Скопје и Куманово.
Весникот нуди содржини кои се однесуваат на навиките, интересите и секојдневието на средношколците. Првенствено, тоа се вести за случувањата во самите училишта, почнувајќи од настапите на школските бендови, спортските натпревари, до генијални таленти за кои вреди да се пишува. Учениците имаат можност да го изберат својот „Најкул професор“, а секој месец се бара и избира „Најдобриот млад новинар“. Преку овој конкурс, учениците пишуваат свои ставови за случувања кои нив ги засегаат, а за победниците кои ќе ги избере посебна комисија, „Нова Македонија“ и Високата школа за новинарство доделуваат месечни награди, а за матурантите две стипендии за студирање новинарство.
На самиот старт, „Медиум“ стана член на Меѓународната мрежа на млада читателска публика во светот. Честитки и охрабрување за „Медиум“ испрати Ерилин Мекмејн, извршната директорка на Светската асоцијација на весници задолжена за развој на младата читателска публика.
Лице за контакт: Александра Теменугова, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 02/30 90 004.