Учесници на последната работилница за препознавање на лажни вести во рамки на Неделата против лажните вести беа студентите од прва и втора година по новинарство и односи со јавност од Правниот факултет „Јустинијан Први“. Низ интересни примери и дискусија со предавачите Зоран Димитровски и Михајло Лахтов, студентите учеа како да ги препознаат лажните вести, како да ги анализираат медиумските пораки и зошто е важно постојано медиумски да се описменуваме.
Работилниците ќе ги опфатат сите старосни групи и се дел од #НеделаПротивЛажниВести.
Повеќе фотографии од обуката, може да видите тука.