Делегацијата на Европската Унија и Советот за етика во медиумите го објавуваат 16-тото издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата “Градење доверба во несигурни времиња”.
Наградата Жан Моне ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории:
- Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
- Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
- Најдобра аматерска фотографија
1. Конкурс за најдобра новинарска сторија
Творбите кои ќе учествуваат во оваа категорија се стории чии автори се новинари од државата и се на тема: “Градење доверба во несигурни времиња”, објавени во домашни весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 20 ноември 2017 и 24 ноември 2018 година.
Сториите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да се однесуваат на темата „Градење доверба во несигурни времиња”;
- Да се објавени во периодот меѓу 20 ноември 2017 и 24 ноември 2018 година;
- Да се потпишани со вистинското име на авторот.
Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.
Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.
2. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може да поднесат до 3 фотографии на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, објавени во периодот меѓу 20 ноември 2017 и 24 ноември 2018 година.
Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Темата на фотографијата да биде „Градење доверба во несигурни времиња”;
- Фотографијата била објавена во периодот од 20 ноември 2017 и 24 ноември 2018 година;
- Фотографиите да не се користени за комерцијални цели.
Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.
Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.
3. Конкурс за најдобра аматерска фотографија
Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од државата кои може да достават една фотографија на тема “Нашата различност, наша сила”. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени.
Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Темата на фотографијата да се однесува на темата “Нашата различност, наша сила”;
- Фотографијата да не е користена за комерцијални цели.
Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска
адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до 25 ноември 2018 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по 1 (една) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.
Награда: диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра.
Забелешка: Оваа активност е организирана во соработка со Советот за етика во медиумите. Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда. Оваа активност не ги одразува ставовите на Европската унија.
Дополнителни информации
Жирито ќе се состои од седум члена - претставник од Делегацијата на Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија, претставник од новинарско здружение, претставник од ЕУ инфо центарот, како и почесен претседател на жирито.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 12 декември 2018 година.