Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, пишување на документи за јавни политики и планирање и имплементирање на кампањи од јавен интерес. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра комуникација со целните публики, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „Поддршка на доброто владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

На повикот можат да се пријават сите регистрирани граѓански организации во Република Македонија од различни сектори чија дејност е фокусирана на теми како човекови права, владеење на правото, заштита на маргинализирани групи, дискриминација, заштита на лица со посебни потреби и др. за кои е исклучително важно да добијат поголема видливост во јавноста.

Селектираните организации ќе учествуваат во следните активности:

Обука за пишување на документи за јавни политики: на која претставници на граѓанските организации ќе можат да се стекнат со вештини и знаења за аргументирано и ефективно пишување на документи и брифови за јавни политики, со цел поефикасна комуникација со целните групи и поефикасно лобирање и комуникација со донесувачите на одлуки.

Обука за ефективна комуникација: претставниците на граѓанските организации ќе ги усовршат вештините и знаењето за развивање на ефективни пораки за комуникација со јавноста и медиуми со цел подобро да комуницираат со својата целна публика, да ја информираат јавноста за своите активности и да мобилизираат поддршка од граѓаните за одредени каузи. Обуката ќе се фокусира на комуникација преку дигиталните медиуми но и традиционални медиуми, односно кои се најефективни методи за комуникација со овие медиуми (соопштенија за јавност, писма до уредници, видеосоопштениа, говорење пред камера и др.).

Обука за спроведување на кампањи од јавен интерес: претставници на граѓанските организации ќе се стекнат со вештини и знаења за планирање и спроведување на кампањи од јавен интерес со цел да ја подигнат јавната свест за одредени прашања од јавен интерес но и да обезбедат поддршка од донесувачите на одлуки.

Менторство за граѓанските организации кои имаат цел да спроведуваат кампањи од јавен интерес.

Аплицирање:

Заинтересираните граѓански организации треба да поднесат: 1. пополнета апликација, 2. копија од тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија и 3. документ со краток опис на последните три проекти во кои организацијата-апликант има спроведувано комуникациски план или кампања или изработено документ/и за јавни политики.

Апликациите и останатите документи треба да се достават во електронска форма на емаил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака: „Апликација: Обуки за ГО“. 

Краен рок за доставување на апликациите е 24 октомври (среда), 2018 година, 16:00 часот.

Лице за контакт: Бојан Георгиевски / This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. / тел. 02 30 90 004.

 

British Embassy Skopje 100x100   Founded by UK Government 304x50
 

Проектот е финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.