ИКС организира еднодневна работилница со потенцијални автори на тема „Академско блогирање“ на 28 септември (петок), со почеток од 9:30 часот. Работилницата ќе биде водена од професорка на Универзитетот на Источна Англија (UEA) и домашни експерти, а ќе се фокусира на техники и совети за пишување на академски блогови.
Учесниците ќе бидат запознаени со различните техники на пишување на академски блогови и ќе имаат можност да станат член на тимот на автори на Res Publica, академски блог кој го води ИКС.
Дополнително, Рес Публика оваа година воспоставува соработка со слични блогови и веб-портали од регионот (Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ) што креира простор за објавување на блоговите на авторите на Рес Публика на веб портали од регионот.
Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се на работилницата со испраќање мејл на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со име и презиме и телефонски број за контакт.