Институтот за комуникациски студии од Македонија и Инситутот Изида Вита од Словенија изминативе два месеца спроведоа истражување за родова еднаквост за да се дознае кои се причините за отстапувањата во областа на вработувањето на мажите и жените во Македонија, дали големите и средните компании во Македонија се свесни за овие факти, а ако се, кои мерки и активности ги преземаат за да ја исправат неправдата.
Анкетата се спроведе во рамките на проектот „Еднаква моќ за жените“ и во неа учествуваа повеќе од 300 големи и средни компании во Македонија (од вкупно 1180). Еве некои од првичните резултати:
- Повеќе од 98% од учесниците го познаваат терминот родова еднаквост
- 75% сметаат дека родовата еднаквост е многу важна, но 2,6% сметаат дека тоа воопшто не е важно
- Овој удел се менува неповолно во однос на важноста на родовата рамноправност во компанијата: паѓа на 62% (многу важно), а уделот на одговорите „не е важно воопшто“ се зголемува на 3,3%
- Како што истражувањата покажале повеќе пати, родовата рамноправност влијае на:
а) ефективни бизнис перформанси
б) финансиски поефикасни перформанси на компанијата
в) креативните процеси во компанијата
г) помали ризици во процесот на донесување одлуки
д) поетичко однесување на компанијата Само 54% (а), 46% (б), 65% (в), 42% (г) и 65% (д) од учесниците се согласуваат со тие изјави. За жал, од друга страна 2-3% од учесниците не се согласуваат.
- Како што различни истражувања покажаа 1/3 од високиот менаџмент треба да бидат жени (мажи) (= балансиран менаџмент) за да се постигнат најефикасни, ефективни, етички и успешни компании, како и висок степен на вклученост на вработените. Ние сакавме да знаеме како учесниците гледаат на тоа:
• Речиси 12% мислат дека 1 жена (маж) е доволно за да се воспостави родово балансиран менаџмент • 3% се убедени дека треба да биде 1/5
• 5,6% мислат дека треба да биде 1/4
• 14% одговорија 1/3 (што е точен одговор)
• и над 65% сметаат дека е 1/2.
- Мислиме дека е добра вест тоа што над 26% веќе се обиделе да преземат една или повеќе активности за зголемување на родово балансираниот менаџмент во компаниите и 14% планираат да го сторат истото. Тоа остава простор за подобрување и следење на комуникацијата, со речиси 60% кои немаат воведено ниту една активност за родово балансиран менаџмент и не планираат да го направат тоа.
Што се однесува до резултатите од истражување, една од целите на проектот е подигнување на свеста за родовата еднаквост во големите и средните компании во Македонија. Затоа ве повикуваме да ја градите свеста, да ги ширите добрите практики и да ги споделувате со нас вашите активности, програми и проекти за еднаква вклученост на жените и мажите во вашата компанија.
Исто така, Ве покануваме да се сретнете со проектниот тим на словенечкиот институт Изида Вита во Охрид од 6 до 8 јули, за да дознаете повеќе за проектот и да разговараме за можностите за соработка. Можете да учествувате:
а) со поднесување ваши студии на случај, активности или ставови за родово балансиран менаџмент,
б) преку промовирање на темите за родова еднаквост,
в) со воведување на принципот на еднаквост на работни места во вашите компании преку ко-креирање и потпишување на Упатството,
г) со придонес кон нашите билтени и е-списанието „Еднаква моќ за жените“,
д) со споделување на добрите практики објавени онлајн и офлајн.
За повеќе информации за споделување на вашите добри практики, можете да ја контактирате Наталија Постружник на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..