Во тек е уписот на Онлајн професионалната програма за иновативен менаџмент. лидерство и стратегиски комуникации - е-ПРОФМАН. Програмата е наменета за студенти и млади професионалци до 35 години и нуди целосни стипендии.
Онлајн курсевите вклучуваат можности за учење преку нудење реални услуги и вклучување во проекти фокусирани на применливи проекти. Менторството и пристап заснован на решавање проблеми обезбедува стекнување нови вештини кои можат веднаш да се применат во професионалната пракса. За оваа цел, е-ПРОФМАН има воспоставено квалитетни односи со бизнис заедницата.
Курикулумот нуди вештини во следниве области:
- Бизнис принципи и процеси: иновативни менаџмент, претприемништво и лидерство;
- Комуникациски менаџмент: корпоративни и маркетинг комуникации;
- Истражување: спроведување на применети истражувања;
- Глобализацијата: интеркултурна комуникација.
е-ПРОФМАН претставува нова иновативна програма која нуди квалитетно и релевантно професионално усовршување, онлајн учење кое овозможува виртуелна мобилност и прекугранична соработка и го охрабрува претприемничкото учење кај младите.
Сите заинтересирани можат да аплицираат онлајн на следната ПРИЈАВА.
Заинтересираните може да добијат повеќе информации за програмата е-ПРОФМАН на www.e-profman.eu, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и на социјалните медиуми Фејсбук, ЛинкедИн и Твитер.