На 15 ноември ќе биде организирана панел дискусија на која ќе бидат презентирани 11 документи за јавни политики кои граѓанските организации ги подготвија во рамки на проектот “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” а имаат за цел приближување на граѓанското општество до Собранието.
Заедно со документите за јавни политики на панел дискусијата ќе биде промовиран „Прирачник за истражување и за пишување документи за јавни политики“ кој има за цел да им помогне на поединци или граѓанските организации да се стекнат со вештини за истражување, пишување и за застапување за да можат поефективно да ги престават своите интереси пред законодавните тела.