На 10 ноември беше организиран брифинг за новинари со цел да се пренесат наодите од истражувањата коишто 12-те граѓански организации ги рефлектираа во документи за јавни политики а кои се однесуваат на различни општествени теми: (не)заштитени права на пациенти, последици за граѓаните од неефективно судство, недостаоци во здравствената и социјална заштита, дискриминација на студенти, малолетнички бракови и др.
На средбата новинарите се информираа за инцијативите на граѓанските организации, поткрепени со темелни истражувања кои можат да бидат добра основа за критичко информирање и истражувачко новинарство.
Истражувањата и предлозите на граѓанските организации се содржани во 11 документи за јавни политики како дел од проектот: “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” кој има за цел поврзување на граѓанското општество со Собранието на Република Македонија.