Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ на крајот на септември ќе организира конференција посветена на медиумската и информациската писменост во земјата. На настанот ќе бидат презентирани наодите од појдовниот извештај базиран на истражувањето што го реализираше Школата во обид да се мапираат искуствата, перцепциите и свесноста за значењето на овој вид писменост, особено во и од страна на медиумите и на граѓанскиот сектор, но и во средното образование.
На конференцијата ќе учествуваат претставници на медиумите и на граѓанскиот сектор, како и на институции чии надлежности се во корелација со овој тип активности.
Извештајот преставува само еден сегмент од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“, поддржан од Европската Унија, во чии рамки е предвидено основање коалиција меѓу медиумите, граѓанскиот сектор и надлежните институции како влијателни фактори во промоција на медиуската писменост.