Вестминистер фондацијата за демократија и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во октомври ќе ги промовира и презентира резултатите од истражувањата и изработените документи за јавни политики подготвени од граѓанските организации чии инцијативи за законски измени беа избрани а се однесуваа од областа на: здравствената заштита, социјалната заштита, медиумите, судството, дискриминацијата и образованието.
- Адекватен минимален приход „Македонска платформа против сиромаштија“
- Санкции за говор на омраза „Цивил – Центар за слобода и Млади европски федералисти (ЏЕФ Македонија)“
- Здравствена заштита за пациентите со ретки болести „Здружение на граѓани за поддршка на лица со ретка болест, Вилсон – ВИЛСОН Македонија“
- Иницијатива за подобар закон за употреба на канабисот за медицински цели „ХОПС – Опции за здрав живот ‒ Скопје“
- Политика за социјална инклузија на лицата со попреченост и нивните семејства „Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ‒ ИНКЛУЗИВА“
- Измени за правен систем без дискриминација „Институт за човекови права“
- Хармонизирање на законите за намалување на појавата на детски бракови „Ромска организација за мултикултурна афирмација ‒ С.О.С.“
- Ефективна административна правда „Центар за правни истражувања и анализи“
- Промена на законот за матичен број на граѓанинот „Слободен софтвер Македонија“
- Законска регулација на отворени образовни ресурси „Метаморфозис ‒ Фондација за интернет и општество“
- Комисија за дискриминација во високообразовните институции „Младински образовен форум (МОФ)“
Граѓанските организации во подготовка на документите за јавни политики, поминаа низ процес на едукација и менторирање за да се стекнат со вештини за истражување, пишување и застапување кои ќе им помогнат поефективно да ги преставата своите инцијативи пред законодавните органи.
Заедно со документите за јавни политики ќе биде промовиран и прирачникот: „Прирачник за истражување за застапување и за пишување документи за јавни политики“.