Дванаесет граѓански организации чии инцијативи за законски измени беа избрани преку проектот: “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” во периодот од јуни до октомври ги реализираат истражувањата и ги пишуваат документите за јавни политики кои ќе им помогнат поефективно да ги претстават своите интереси пред Собранието, пратениците, собраниските комисии и другите надлежни тела за спроведување на законодавството.
Целиот процес се реализира под менторство на предавачи од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и на Вестминистер фондацијата за демократија. Финалните документи на невладините организации ќе се промовираат во октомври.