Во рамки на проектот: “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”, Вестминистер фондацијата за демократија и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста организираа две обуки за граѓанските организации чии инцијативи беа избрани на отворениот повик.
Првата обука се реализираше во текот на месец мај и беше фокусирана на методите на истражување, додека втората обука беше спроведена во јуни за пишување на документи за јавни политики.
На дводневните обуки учесниците се запознаа со методите во истражувањето за застапување кои им се неопходни за подготовката на документите за јавни политики, како и основните принципи за аналитичко и аргументирано пишување со цел подобро да ги образложат причините за предложените законски измени.
На обуките учесниците ги подготвија првичните планови за истражување, а во текот на летото под менторство на обучувачите, граѓанските организации ги реализираа истражувањата и ги финализираа документите за јавни политики. Тие ќе бидат презентирани во октомври на официјална промоција каде што освен спроведените истражувања ќе биде презентиран и прирачникот за истражување за застапување и за пишување документи за јавни политики.