Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Наставните програми за курсевите на онлајн програмата за професионален развој е-ПРОФМАН се подготвени. На состанокот на конзорциум бордот на Виртуелниот кампус од Македонија, Словенија и Турција беа финализирани содржините и компетенциите што транснационалната програма по иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации ќе ги обезбеди за нејзините идни учесници.

Едногодишната професионална програма е-ПРОФМАН е наменета за млади практичари и студенти, кои ќе ги оспособи да развиваат стратегии за иновативни услуги и производи, да бидат водачи во организациите и професионално да ги практикуваат односите со јавноста. Учесниците ќе учат како да ја искористат нивната креативност во воведување нови идеи, да размислуваат стратегиски и критички, да бидат тимски лидери и да носат етички управувачки одлуки.

е-ПРОФМАН е практично ориентирана програма и нуди теми прилагодени на предизвиците и потребите на пазарот. Студентите ќе бидат вклучени во проекти кои се однесуваат на реални ситуации и ќе работат во мешани тимови со учесници од Македонија, Словенија и Турција и под менторство на предавачи од трите држави.

Транснационалната програма ќе биде составена од пет онлајн курсеви - три задолжителни и два изборни. Виртуелниот кампус ќе им овозможи на учесниците од трите земји да работат заедно користејќи виртуелна училница и голем број онлајн ресурси. Предавачите ќе изработат и отворени едукативни ресурси во областа на иновативниот менаџмент, лидерството и стратегиските комуникации. Покрај онлајн учењето, учесниците и предавачите ќе соработуваат на летен камп и на финален семинар, на кои ќе изработуваат полугодишни и финални проекти.

Програмата е финансирана од Европската унија и обезбедува целосни стипендии за 60 учесници. Виртуелниот кампус го сочинуваат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од Македонија, Факултетот ДОБА за применети бизнис и општествени студии од Словенија и Универзитетот Истанбул од Турција.

Промотивната кампања и уписот на е-ПРОФМАН ќе започнат во октомври, а за сите информации за програмата ќе бидат изработени веб страница и мобилна апликација. Во меѓувреме, заинтересираните може да се информираат за програмата на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..">This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

На состанокот во Скопје, Конзорциум бордот на виртуелниот кампус дискутираше и за резултатите од првата година на проектот е-ПРОФМАН и ја утврди динамиката на наредните активности.

 

Галерија од состанокот на Конзорциум бордот

ERASMUS-malologo