Вкупно 19 претставници на граѓанските организации ќе учествуваат на дводневна обука за применети истражувања, која ќе се одржи на 26 и 27 мај во Високата школа. Д-р Снежана Трпевска, предавач во Високата школа ќе ги обучи учесниците како да применуваат различни истражувачки методи, кои ќе им бидат неопходни во процесот на доразвивање на првичните предлози за законски измени.
По оваа обука, во јуни истите 19 учесници ќе се обучуваат како да пишуваат документи за јавни политики. Во текот на летните месеци (јуни, јули и август), 11-те граѓански организации кои беа избрани во мрежата „Граѓани во Собранието“ под менторство на предавачи на Високата школа ќе ги реализираат истражувањата врзани за секој од предлозите и да креираат документи за јавни политики.