Вестминстер фондацијата за демократија и Високата школа за новинарство и односи со јавност во вторник, 26 април ќе ги претстават 11-те граѓански иницијативи за промени на закони кои беа избрани преку повикот „Граѓаните во Собранието“. Настанот ќе се одржи во ЕУ Инфо Центарот во Скопје од 11.00 до 12:00 часот.
Настанот е во рамки на проектот “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”, во кој беа избрани 11 иницијативи за промена на постоечки закони од областа на здравствена заштита, социјална заштита, медиуми, судство, дискриминација и образование. Селектираните иницијативи, односно проблемите кои се таргетираат и предлог решенијата за кои би се залагале избраните организации, ќе бидат кратко презентирани пред присутните од страна на организациите кои ја предлагаат промената. Настанот ќе овозможи и простор за дискусија за предлог решенијата.
Со овој настан започнува нова фазата од акцијата: граѓанските организации ќе учествуваат на обуки за применети истражувања и за подготовка на документи за јавни политики и застапување на предложените промени. Предвидена и интензивирана соработка меѓу граѓанските организации и медиумите, како и соработка со Собранието на Р.М.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од Вестминстер фондација за демократија. Лице за контакт: Ивана Петкуќеска, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., тел.077 363 787. Тwitter: https://twitter.com/inicijativi Facebook: Граѓаните во Собрание.
Агендата за настанот, може да се преземе тука.