Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Како подлисток во денешна „Нова Македонија“, на осум страници е новото издание на средношколскиот весник „Медиум“. Излезе токму на неговиот петти роденден. Мал, но многу значаен јубилеј за неговите издавачи – Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и за дневниот весник „Нова Македонија“. Задоволството е уште поголемо оти низ изминативе пет години, со растењето на „Медиум“, растеше и редакцијата. А ќе расте и понатаму.

Со поддршката на Европската Унија, Високата школа и нејзините партнери следните три години уште поинтензивно ќе работaт со средношколците, обидувајќи се тие да станат медиумски писмени граѓани кои ќе знаат како да пристапуваат до разни информации, како да ги перципираат, но и како да ги користат медиумите за да кажат што мислат.

„Медиум“, како и досега, е отворен да ги сподели случувањата во училиштата, успесите на талентираните ученици, достигнувањата на натпреварите во земјата и во странство. Но „Медиум“ е и плоштад на слободата. Учениците можат да го користат како форум за критичка мисла, место каде што ќе ги изразуваат своите ставови и ќе алармираат кога постарите почнуваат да инфицираат делови од системот загрозувајќи ја иднината на младите. Тука е местото за нивните предлози, идеи и средношколски дебати.

„Медиум“ ќе излегува секој месец за време на учебната година. Освен весникот, Високата школа и „Нова Македонија“ во текот на годината ќе организираат пет работилници и дебати, на кои ученици, новинари, професори и претставници на институции ќе дискутираат за трендови и важни прашања поврзани со медиумите и младите. Овие јавни настани ќе се организираат во различни училишта ширум земјата.

Секоја година ќе се одржува Ден на медиумската писменост, во којшто ќе се вклучат повеќе медиуми и училишта за да можат младите одблизу да се запознаат со процесот на правењето вести, без разлика дали станува збор за весник, телевизија, радио или онлјан медиум. Повторно ќе има конкурс за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ и летен камп за медиумска писменост.